Војската на нови позиции во Доњецк, се чека оружје
По падот на Луганск украинската војска на нови одбранбени позиции во Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови...

По падот на Луганск украинската војска на нови одбранбени позиции во Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, планираат контраофанзива на југот на земјата. Гувернерот на Луганск уште еднаш побара од сојузниците на Украина повеќе оружје. Претседател Зеленски изјави дека украинските сили продолжуваат да се борат и покрај повлекувањето од Лисичанск.
„Нашите оружени сили одговараат, возвраќаат и го уништуваат офанзивниот потенцијал на окупаторите од ден на ден. Мораме да ги скршиме. Тоа ќе биде тешка задача која бара време и натчовечки напори, но немаме алтернативи“, рече Зеленски.
По заземање на регионот Луганск, рускиот претседател Путин и наредил на неговата армија да ја продолжи офанзивата во источна Украина.
