САД
Уапсен осомничениот за убиство на парадата во Чикаго
05.07.2022 09:47
Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица на парадата на денот на независноста во Хајленд парк, Чикаго...

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица на парадата на денот на независноста во Хајленд парк, Чикаго.
Напаѓачот се качил на покривот и по случаен избор пукал во гледачите со пушка со голема моќност. Ова е последното масовно пукање што ги погоди САД. Од почетокот на 2022 година, секоја недела има по едно масовно пукање.
Претседателот Џо Бајден рече дека е шокиран од насилството.
