Италија

Вонредна состојба по сушата во Италија

05.07.2022 09:52

Италија прогласи вонредна состојба во петте северни региони околу реката по, сред најголемата суша во последните 70 години...

Италија прогласи вонредна состојба во петте северни региони околу реката по, сред најголемата суша во последните 70 години. Регионите ќе добијат 36,5 милиони евра од фондовите за итни случаи со цел да се справат со недостигот на вода.

Сушата му се заканува на 30% од севкупното италијанско земјоделско производство.

Невообичаено топлото време и ниското ниво на врнежи во пролет и лето доведоа до недостиг на вода во северна Италија.