Рилкоски: Изборите поминаа мирно, регистриран само еден инцидент

14.04.2014 00:29

Според ДИК, од претседателските кандидати најмногу гласови добил кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов – 429.778 гласови...

На последната прес конференција на Државната изборна комисија, претседателот комисијата Никола Рилковски соопшти дека според пристигнатите податоци од 97,12% од избирачките места, вкупниот број на избирачи кои гласале е 832.008, односно 48,45% од запишаните гласачи. Соопшти дека оценката на ДИК е дека гласањето во првиот круг од претседателските избори се спроведе мирно. Според информациите што комисијата ги добила од Општинските избори комисии, сите гласачки места биле отворени на време, а во текот на гласањето е регистриран само еден инцидент и тоа на избирачко место во Неготино каде непознато лице искршило  гласачка кутија по што гласањето било прекинато.
 
Според ДИК, од претседателските кандидати најмногу гласови добил кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов – 429.778 гласови или 51,66% од гласачите, односно 24,15% од запишаните гласови во Избирачкиот список. 
 
За кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 311.258 гласачи, или во проценти 37,41% од гласачите, или 17,49% од запишаните гласачи. За кандидатот на ДПА, Иљаз Халими гласале 38.270 гласачи,  4,60 % или 2,15% од запишаните гласачи.  За кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски гласале 30.092 гласачи, или 3,62 % од гласачите, односно 1,69% од регистрираните гласачи.