Австралија
Вонредна ситуација и евакуација од поплавените подрачја
05.07.2022 09:55
Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс...

Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс. Обилните врнежи зафатија поголем дел од најбројниот град на континентот.
Во одредени делови на Сиднеј за четири дена наврнал дожд колку што е просекот на Лондон за цела година. Властите спроведуваат евакуација на околу 50 илјади жители, додека стотици луѓе побарале медицинска помош во текот на ноќта.
