МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашните протести пред Владата, запалено знамето на ЕУ
На синоќешниот како што велат од МВР, ненајавен собир се констатирани неколку нарушувања на јавниот ред и мир...

На синоќешниот како што велат од МВР, ненајавен собир се констатирани неколку нарушувања на јавниот ред и мир.
Пред Владата неколку учесници на протестот го запалиле знамето на Европската Унија, некои фрлале разни предмети и пиротехнички средства кон Владата, а ја уништиле и заштитната ограда, соопштија од МВР. Околу 20 и 30, дел од учесниците на протестот се упатиле кон Собранието, каде фрлале со тврди предмети кон зградата и кон полицискиот кордон.
Биле повредени четири полицајци, кои биле пренесени во Градската општа болница за да и биде укажана лекарска помош. Час и пол по полноќ е пријавено оштетување на еден прозорец од владиниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
