ДИК: Иванов победи со 447.156 гласови, Пендаровски освои 325.149

14.04.2014 00:37

Објавените податоците се однесуваат на 3.493 од вкупно 3.512 избирачки места...

Според последните податоци на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 99,46% од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, победи во првиот круг од претседателските избори со 447.156  гласови и влегува со водство во вториот круг кој ќе се одржи на 27-ми април. 

Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски  освои 325.149 гласови. Трет на листата според освоени гласови е Иљаз Халими од ДПА со 38.893 гласови, а Зоран Поповски од ГРОМ има 31.293  гласови.

Објавените податоците се однесуваат на 3.493 од вкупно 3.512 избирачки места.

Според досега обработените резултати, преброени се 865.959 гласови, што покажува излезност од 48,86%.

На последната пред конференција на ДИК, претседателот Никола Рилковски, изјави дека денешното гласање за шеф на државата се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера. 

Сите гласачки места се отворени и затворени навреме. Поголеми инциденти не се забележани, освен во Неготино, каде во попладневните часови била искршена избирачка кутија во една изборна единица.