Кавадарци

Двајца работници загинаа при пад на кран во Кавадарци

05.07.2022 13:00

Загинаа двајца работници при пад на кран во Кавадарци. Има и повредени. Несреќата се случила на место каде се гради зграда. На самото место се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција...

Двајца градежници загинаа денеска наутро во Кавадарци на градилиште на зграда.

Според првичните информации, несреќата се случила при самата монтажа на кранот во близина на зграда во изградба. Работниците паднале од голема висина.

Лекари од кавадаречката болница не можеле да им помогнат на работниците и констатирале смрт на самото место.