Политичките партии ќе формираат работни групи за предлог забелешки на предложената преговарачката рамка
Во Собранието ќе се формираат работни групи меѓу парламентарните партии кои ќе работат на предлог-забелешките на преговарачката рамка. Предлогот е да има по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса за Албанците и уште еден од помалите политички партии...

Во Собранието ќе се формираат работни групи меѓу парламентарните партии кои ќе работат на предлог-забелешките на преговарачката рамка. Предлогот е да има по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса за Албанците и уште еден од помалите политички партии.
Првата средба се очекува утре. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски побара да се разговара за измени кои предлогот ќе го подобрат.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во насока на заштита на идентитетот, јазикот но и бришење на бугарските мегаломански барања, врзани со негирањето на историјата, брифираат од опозициската партија. За СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, францускиот предлог е прифатлив.
