Протест

Продолжуваат протестите за францускиот предлог

05.07.2022 14:52

Додека траеше владината седница, пред Владата протести против францускиот предлог...

Ова е борба на нашата генерација, ќе се тргнеме оттука кога ќе го одбијат францускиот предлогот, велат граѓани кои протестираа пред Владата. Според нив, предлогот на Франција ќе значи бугаризација и асимилација на македонскиот народ.

Предлогот кој Владата на Ковачевски го прифаќа е неприфатлив и штетен за Македонија и води кон две сценарија, едното е вечно преговарање, а второто е асимилација по диктат на Бугарија, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата со апел граѓаните да се приклучат на протестите.

Сенародниот протест се одржуваат секој ден пред Владата под мотото - „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Викторија Милевска