Поволни агрометеоролошки услови
Временските услови минатата и неделава се поволни за земјоделството. Дождовите ја подобруваат состојбата со недостигот на влага во почвата

Стабилно и суво време со постепен пораст на температурата, прогнозираат за неделава од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има повремени врнежи од дожд, ретки грмежи, умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурата на воздухот.
Ова се поволниуслови за земјоделството вели агрометеорологот Ангелко Ангелески.
Во сегашниот период кога вегетацијата е во полн ек, а порастот кај житата е најинтензивен,врнежите ќе се искористат максимално кај земјоделските култури.
Добрата влажност на почвата е одличен услов и за успешна пролетна сеидба.
Од ниските утрински температури не се очекуваат ни штети кај овошките кои во цветањето издржуваат и до скоро – 3 степени.
