Како да се намали одливот на млади кадри?
Државата, младинските организации и работодавачите обединети на едно место. Како да се намали одливот на млади кадри, преку нудење на професии кои младите ги бараат...

Младите сакаат да работат за странски компании поради флексибилното работно време, можноста за работа од далечина, резултати наспроти формални правила и поголеми плати. Во угостителството и ИТ секторот се забележува голем недостаток на работна сила. Потребно е да се врати дигнитетот и на професиите механичари, заварувачи, пекари. Државата, младинските организации и работодавачите обединети на едно место. Како да се намали одливот на млади кадри, преку нудење на професии кои младите ги бараат.
Работодавачите од ИТ индустријата сметаат дека има недостаток од квалификуван кадар. Голем дел од програмерите заминуваат да работат за странски компании. Според нив, високите плати и добрата визија на компаниите ќе ги задржи младите во земјава.
Образовниот систем е креатор на еден од најголемите проблеми. Македонскиот образовен систем не продуцира кадри со знаења и вештини потребни за работодавачите, сметаат од Сојузот на средношколци.
Поголема вклученост на пазарот на труд и на работодавачите и да се работи на имплементација на документот, а не да биде документ којшто ќе стои во фиока. Да се вклучат работодавачите во стручното образование, сметаат од Сојузот на средношколци.
Александра Спировска
