Македонија
Протестите продолжија и вечерва
05.07.2022 20:28
Дождот и лошото време не ги спречи граѓаните и денеска да излезат на протест против францускиот предлог. И вечерва пред Владата и Собранието се собраа демонстранти за да го искажат својот револт...

Дождот и лошото време не ги спречи граѓаните и денеска да излезат на протест против францускиот предлог. Иако во значително помал број, сепак и вечерва пред Владата и Собранието се собраа демонстранти за да го искажат својот револт.
Граѓаните бараат, да не се потпише францускиот предлог затоа што, како што велат, тој е штетен за националните интереси, а се бараат и оставки од властите и предвремени парламентарни избори.
