Француски предлог
Ескалираа протестите пред Собранието
05.07.2022 21:37
Дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда, искршија прозорци, фрлаа со пиротехника и други предмети кон полицискиот кордон, го каменуваа законодавниот дом...

Ескалираше вечерашниот протест против францускиот предлог.
Дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда, искршија прозорци, фрлаа со пиротехника и други предмети кон полицискиот кордон, го каменуваа законодавниот дом, каде од утре треба да почне расправа за заклучоците за европскиот предлог.
Пред Собранието се забележува големо полициско присуство.
