Македонија
Убиено 22-годишно момче во тепачка во Струмица
05.07.2022 23:06
Момче на 22-годишна возраст вечерва е убиено во Струмица, во тепачка помеѓу две семејства којашто се случила во Турското маало на улицата „Бетовенова“...

Момче на 22-годишна возраст вечерва е убиено во Струмица, во тепачка помеѓу две семејства којашто се случила во Турското маало на улицата „Бетовенова“.
Повреден е шеснаесетгодишен малолетник, како и две жени. Момчето било прободено и донесено мртво во болницата. Повредените се надвор од животна опасност.
Од полицијата, повеќе детали за настанот најавуваат за утре.
