Македонија

Тројца полицајци се повредени во немирите пред Собрание

05.07.2022 23:29

Полицијата почна да приведува демонстранти на вечерашниот протест против францускиот предлог пред Собранието, откако ескалираше револтот на дел од толпата...

Полицијата почна да приведува демонстранти на вечерашниот протест против францускиот предлог пред Собранието, откако ескалираше револтот на дел од толпата.

Се појавија демонстранти со фантомки, кои почнаа да фрлаат со предмети, петарди и димни бомби кон специјалците.

Тројца полицајци се повредени, а едно полициско возило е оштетено, во немирите што се случија вечерва пред зградата на Собранието. Интервенираше и итната медицинска помош