Германскиот специјален пратеник за Западен Балкан во Скопје
Германскиот специјален претставник за Западен Балкан Мануел Сарацин за време на денешната посета на Македонија. Ќе се сретне со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи...

Германскиот специјален претставник за Западен Балкан Мануел Сарацин за време на денешната посета на Македонија. Ќе се сретне со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во фокусот на разговорите ќе бидат францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и состојбите во регионот, велат од Секретаријатот за европски прашања.
Неколкумина европски функционери деновиве ја посетија Македонија, откако ЕУ испрати предлог за надминување на бугарското вето на македонските евроинтеграции.
