Ќе се вработат 300 лица со специјални потреби
Министерот за труд и социјала, Диме Спасов ги повика лицата со инвалидитет

Министерот за труд и социјала, Диме Спасов ги повика лицата со инвалидитет во наредните 10 дена да ја искористат можноста и да аплицираат за вработување. 300 инвалиди кои ќе бидат примени ќе бидат распределени согласно нивната инвалидност. При селекцијата на кандидатите битно ќе биде колку време се невработени и финансиската состојба во семејството. Министерот најави подготвување закон каков што го имаат високоразвиените европски земји за вработување на лицата со специјални потреби. За да не бидат лицата со ивалидитет вработувани во заштитни фирми како досега и тргнати од другите луѓе, секое претпријатие во земјава ќе биде обврзано да вработи лица се инвалидитет, сразмерно со бројот на вработени.
