Битки во Доњецк, напади врз руски Брјанск и Курск
Славјанск под силен оган. Украинскиот град се смета за идна цел на руските сили по падот на Лисичанск. Во нападите има жртви. Ракетирање и преку границата во руски Курск и Брсјанск...

Славјанск под силен оган. Украинскиот град се смета за идна цел на руските сили по падот на Лисичанск. Во нападите има жртви. Ракетирање и преку границата во руски Курск и Брјанск.
„Окупаторските сили истрелаа околу 30 касетни бомби во правец на Славјанск, кои се детонираа врз различни делови од градот. Некои удрија на централниот пазар, други во околните населби. Уништени е градската инфраструктура, но и станбени згради“, изјави Дмитро Ногин, шеф на полицијата на Краматорск.
Претседателот на чеченскиот парламент, Магомед Даудов, предупреди – првенствено водиме џихад за одбрана на исламот, ќе продолжиме до Берлин.
„Ако даде Господ, нема сомнеж дека ќе ги освоиме Доњецк, Миколајев, Херсон, Одеса. Сè додека Владимир Путин не нè сопре, ако даде Господ, ќе војуваме до Берлин. Ќе победиме, нема сомнеж“, изјави Магомед Даудов, претседател на чеченскиот Парламент.
Според Стејт департментот, на Самитот на Г-20 на Бали не е предвидена средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
