Европа

Суша во Италија, Шпанија, Португалија, Грција

06.07.2022 09:47

Вонредна состојба во Северна Италија поради најголемата суша во последните 70 години, што според научниците се должи на климатските промени...

Вонредна состојба во Северна Италија поради најголемата суша во последните 70 години, што според научниците се должи на климатските промени. Во Рим вчера избувна голем пожар во парк на неколку километри од Ватикан.

Владата најави дека ќе обезбеди 36,5 милиони евра помош, а според претходните извештаи на медиумите, премерот Драги размислува да назначи комесар за борба против сушата.

Со истиот проблем се справуваат и Шпанија, Португалија и Грција.