Малта

Деџорџио призна вина за убиството на новинарката Каруана Галиција

06.07.2022 09:49

Во случајот се обвинети и неговиот брат Алфред, соработникот Винс Мускат, како и еден од најпознатите бизнисмени на Малта Јорген Фенеч, кој се товари за нарачка на убиството...

„За мене тоа беше само работа, а да знаев повеќе за неа, ќе барав и поголем паричен надомест“, изјави Џорџ Деџорџио, еден од обвинетите за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција која загина во експлозија на подметната бомба во нејзиниот автомобил.

Тој изјави дека ќе ги открие имињата на сите соучесници во злосторот од октомври 2017 година. Во случајот се обвинети и неговиот брат Алфред, соработникот Винс Мускат, како и еден од најпознатите бизнисмени на Малта Јорген Фенеч, кој се товари за нарачка на убиството.

Обвинителството за него бара доживотен затвор. Репортерката истражуваше случаи со корупција во највисоките општествени слоеви.