Договор за соработка меѓу полициите на Македонија и Кина

14.04.2014 12:36

Во дводневна работна посета на земјава е заменик министерот за јавна безбедност на Народна Република Кина. Целта е воспоставување стабилен систем на размена на информации, за подобро функционирање во делот кои во надлежност на министерствата за внатрешни работи. Односите со Кина се повеќе добиваат на интензитет и како резултат на тоа поголема група на вработени во МВР веќе учествуваа на различни обуки во Кина. Ваквиот тренд на соработка нагласи Јанкуловска ќе продолжи и во иднина.

Во дводневна работна посета на земјава е заменик министерот за јавна безбедност на Народна Република Кина. Целта е воспоставување стабилен систем на размена на информации, за подобро функционирање во делот кои во надлежност на министерствата за внатрешни работи. Односите со Кина се повеќе добиваат на интензитет и како резултат на тоа поголема група на вработени во МВР веќе учествуваа на различни обуки во Кина. Ваквиот тренд на соработка нагласи Јанкуловска ќе продолжи и во иднина. На средбата се разговарало за борбата против недозволената трговија со дрога, мигранти, борбата против тероризмот и интернет криминалот и другите глобални закани.