Австралија
Евакуирани 85.000 од Нов Јужен Велс
06.07.2022 13:43
Сателитски снимки покажуваат дека силното невреме со поројните дождови се оддалечува од подрачјето на Сиднеј, но и водостојот на реките е сè уште на опасно ниво...

Сателитски снимки покажуваат дека силното невреме со поројните дождови се оддалечува од подрачјето на Сиднеј, но и водостојот на реките е сè уште на опасно ниво.
Во третата голема поплава годинава во Австралија мораа да се евакуираат над 85 илјади луѓе од Нов Јужен Велс.
Временските услови на источниот брег веќе две години се под влијание на феноменот познат како „Ла Нина“ кој носи поројни дождови.
