Ковид-19

266 новозаразени од Ковид-19, нема починати лица

06.07.2022 14:32

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на Ковид-19: Скопје – 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (266), регистрирани се 64 реинфекции.

Регистрирани се 119 оздравени пациенти од: Скопје – 73, Битола – 7, Прилеп и Кочани – по 6, Струмица и Велес – по 5, Куманово и Кавадарци – по 4, Тетово – 3, Гостивар и Виница – по 2, Пробиштип и Делчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице.

Досега во земјата се направени вкупно 2.086.592 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.060, бројот на оздравени пациенти е 304.460, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.273.