Франција
Штрајк на железничарите во Франција
06.07.2022 15:00
Штрајкот на железничарите кои бараат повисоки плати поради кризата со трошоците за живот ги прекина железничките услуги во Франција...

Штрајкот на железничарите кои бараат повисоки плати поради кризата со трошоците за живот ги прекина железничките услуги во Франција.
Откажан е речиси секој четврти брз воз, а прекини има и во регионалните услуги. Главниот синдикат на компанијата бара зголемување на платите, еднакво на растечката инфлација, по 10 години замрзнување на платите.
