Велика Британија
Уште двајца министри од британската Влада поднесоа оставки
06.07.2022 15:01
Оставка поднесе министерот за деца и семејства, Вил Куинс и министерката за транспорт Лора Трот, која рече дека се решила на таков чекор бидејќи ја загубила довербата во Владата...

Уште двајца британски министри поднесоа оставки. Со тоа се зголемува притисокот врз премиерот Џонсон, по вчерашните оставки на министерот за финансии и за здравство.
Оставка поднесе министерот за деца и семејства, Вил Куинс и министерката за транспорт Лора Трот, која рече дека се решила на таков чекор бидејќи ја загубила довербата во Владата.
