Расчистено убиството на 22- годишниот струмичанец
Приведени двајца радовишани, осомничени за убиството на 22 годишник од Струмица. По претходна расправија поради нарушени семејни односи, момчето било избодено со остар предмет. Починало во Струмичкиот медицински центар. По обдукцијата, МВР ќе поднесе соодветни пријави за осомничените...

Полицијата го расчисти убиството на 22-годишниот струмичанец коешто се случи доцна синоќа. Приведени се тројца, двајца на возраст од 22 и 33 години, како и 44-годишна струмичанка, мајка на првоосомничениот кој по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, со остар предмет му нанел повредени на момчето од Струмица, кое подоцна починало во тамошниот медицински центар. Второосомничениот нападнал и повредил три лица. Убиството се случило на улицата Бетовенова.
Откако полицијата ги привела насилниците, во домот на првоосмничениот е извршен претрес при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Александра Спировска
