Македонија

ССМ ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори со Законот за минимална плата

06.07.2022 15:33

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе поднесе колективна тужба поради неусогласувањето на другите плати со зголемениот минималец. ССМ обвини дека не се почитуваат колективните договори и оти повеќе не постои социјален дијалог. Штрајкот продолжува се до исполнувањето на барањата, порачаа од ССМ …

Колективна синдикална тужба за државата пред домашни и странски судови најавија од Сојузот на синдикати на Македонија. Одлуката е донесена, поради како што велат од ССМ, тоа што власта нема слух за зголемувањето на платите на работниците за 2.806 денари и поради непостоењето на социјален дијалог.

На генерален штрајк се 138.000 работници. Од ССМ велат и дека од први мај до денес се прекинати сите официјални контакти со владините претставници за барањето за линеарно зголемување на платите, и покрај нивните ветувања дека зголемувањето на платите во јавниот сектор ќе се случи со ребалансот на Буџетот, информираат од ССМ.

Марија Котовска