Ковид-19

Според прогнозите пикот на Ковид-19 се очекува во август

06.07.2022 15:59

Според графиконите на битолскиот универзитетски професор по механика Дејан Трајковски во моментов репродукциониот број е 1,2 но очекува пикот да стигне во првата половина од август а бројката на новозаболени дневно да достигне до 600-тини па и повеќе доколку се потврди присуството на новите подсоеви БА4 и БА5...

Според графиконите на битолскиот универзитетски професор по механика новиот ковид бран започнал пред 12 дена а веќе со последните извештаи бројките стануваат поевидентни. Сè уште бранот е во рана фаза за подолгорочни предвидување. Но, при актуелниов репродукционен број од 1,2 тој очекува пикот да биде во првата половина од идниот месец а дневните бројки на новоинфицирани да достигнат и до 600-тини случаи. Не ја исклучува можноста тие да бидат и поголеми со евентуалното пристигнување на новите потсоеви БА4 и БА5. Паради падот на имунитетот пресметките вели кажуваат дека опасноста е подеднаква и за прележаните и за поодамна вакцинираните.

Она што во овој летен бран не прави сè уште да бидиме поопуштени се податоците што стапките на хоспитализираност и морталитетот се на рекордно најниско ниво од почетокот на пандемијата.

Трајковски се приклучува кон апелот на здравствените работници дека ова не треба да не опушта. Инаку заклучно со вчерашниот извештај во земјава активни се 1.126 лица.12 хоспитализирани пациенти има на клиниката во Скопје додека во внатрешноста инфективните одделенија засега се празни.

Стевче Митревски