Стартува Мастерс турнирот во Монте Карло
Од денес до недела на тениските терени во Монте Карло ќе се играат натпреварите на третиот Мастерс турнир 1000 годинава. Иако е единствен од Мастерс серијата во календарот во кој играчите не се обврзани да настапат и тука се по свој избор, шестемина најдобри светски тенисери се присутни. Ги предводи најдобриот на АТП листата Рафаел Надал, кој е најуспешниот во 117 годишната историја на турнирот. Шпанецот има 8 титули и тоа освоени во периодот од 2005 - 2012 година, што е тешко достижен рекорд. Сепак, минатата година првпат беше поразен во финалето од Новак Ѓоковиќ, со 2:6 и 6:7.

Од денес до недела на тениските терени во Монте Карло ќе се играат натпреварите на третиот Мастерс турнир 1000 годинава. Иако е единствен од Мастерс серијата во календарот во кој играчите не се обврзани да настапат и тука се по свој избор, шестемина најдобри светски тенисери се присутни. Ги предводи најдобриот на АТП листата Рафаел Надал, кој е најуспешниот во 117 годишната историја на турнирот. Шпанецот има 8 титули и тоа освоени во периодот од 2005 - 2012 година, што е тешко достижен рекорд. Сепак, минатата година првпат беше поразен во финалето од Новак Ѓоковиќ, со 2:6 и 6:7. Србинот е во фантастична форма по првите два турнира во Индијан Велс и во Мајами, и заедно со последните два од минатата година, ќе се обиде по петти пат едноподруго да освои турнир од Мастерс серијата 1000. Единственото прашање е колку добро ќе успее да се адаптира од неговата омилена тврда подлога на земјената во малото кнежевство, на која Надал е тешко совладлив. Меѓу фаворитите е и освојувачот на првиот Грен слем Швајцарецот Станислас Вавринка, како и неговиот сонародник Рожер Федерер, кој трипати губеше во финалето од Надал од 2006 до 2008. Листата на фаворити ја продолжуваат Томаш Бердих и Давид Ферер, кои се рангирани како 5 и 6 носител.
МРТ ќе ги пренесува мечевите на Мастерс турнирот во Монте Карло секојдневно, на фреквенцијата ан Собранискиот сервис.