Францускиот предлог во рацете на партиите
Во Клубот на пратениците состанок на работните групи. Се разгледуваат заклучоците за почеток на преговорите за влез во Европската унија на земјава што треба да ги донесе законодавниот дом...

„Предлогот ги задоволува нашите очекувања и е во согласност до усвоената резолуција во собранието. Најважно е што во европскиот предлог, македонскиот јазик е со чиста формација “, рече заменик препретседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, по завршувањето на три часовната прва средба на работни групи на која се разгледуваше францускиот предлог. Тој посочи и дека билатералните прашања не се наведени во преговарачката рамка.
Притоа дополни и дека во заклучоците дадена е и насока на Владата, доколку во текот на преговарачкиот процес оцени дека се загрозени државните интереси да ги прекине преговорите.
Со идентичен став и координаторот на работната група на СДСМ, Јован Митревски.
Во однос пак на протоколот кој сè уште не е објавен и за што имаше забелешка нивниот коалционен партнер од демократскиот сојуз Павле Трајанов, двајцата соговорници се изјаснија дека истиот ќе биде објавен откако ќе завршат консултациите со Бугарија и дека овој процес е во рамките на МНР.
„Само за пристапните преговори на Македонија во ЕУ е направен преседан со самит чин што се предвидени две меѓувладини конференции“, изјави Николовски претставник на работната група на ВМРО-ДПМНЕ по завршување на состанокот.
„За сите држави во преговарачкиот процес земени се предвид копенхашките критериум, само за нас дополнети се и билатералните договори“, вели Николовски.
Главната забелешка на партијата е што во предлогот на ЕУ не е загарантиран македонскиот јазик без фусноти и дополнувања. Туку, земени се в предвид и бугарските и македонските страни за дефинирање на јазикот, и тоа ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише. Николовски истакна дека пратениците на партијата нема да поддржат отворање на Уставот за вметнување на Бугарите.
За Албанскииот блок партии, модифицираниот француски предлог е прифатлив. Тие истакнаа дека се солидаризираат со своите македонски сограѓани, но и дека треба да се гледа пошироката слика, европските интеграции како стратешки приоритет.
Не е закажана нова средба на работните групи, но преставниците на парламентарните партии најавија дека уште веднаш ке имаат консултации и следната средба ке биде во најкус можен рок.
Марина Стојанова Тонева
