Француски предлог

Продолжуваат протестите под мотото „Ултиматум – не благодарам“

06.07.2022 19:58

И денеска граѓани излегоа пред Владата да искажат револт против францускиот предлог. Денеска, демонстрантите ќе се движат од Собрание до Влада, потоа ќе протестираат пред Министерството за надворешни работи, за на крај повторно да се вратат пред Собранието...

И денеска граѓани излегоа пред Владата да искажат револт против францускиот предлог. Синоќа ескалираше ситуацијата со инциденти и судири со полицијата пред Собранието.

Денеска, демонстрантите ќе се движат од Собрание до Влада, потоа ќе протестираат пред Министерството за надворешни работи, за на крај повторно да се вратат пред Собранието.

Ова е петти ден како граѓаните и дел од опозициските партии го искажуваат своето незадоволство од францускиот предлог, за кој сметаат дека е штетен за државата