Евроинтеграции

Шарл Мишел: Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас

06.07.2022 20:29

Претставувајќи ги заклучоците од последниот на Советот на ЕУ, одржан на 23-ти и 24-ти јуни во Брисел, претседателот на Советот Шарл Мишел нагласи дека „Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас. Денес беа претставени и приоритетите на чешкото претседателство со ЕУ кои се рефлектираат во неговото мото „Европа како мисија“...

Претставувајќи ги заклучоците од последниот Советот на ЕУ, одржан на 23 и 24 јуни во Брисел, претседателот на Советот Шарл Мишел нагласи дека

Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас ние треба да го ревитализираме процесот на проширување. Поради тоа се одржа состанокот со лидерите на земјите од регионот пред советот на ЕУ, рече тој.

„Дебатата беше отворена, искрена и исто така остра со шефовите на државите и владите на овие земји. Ние одлучивме да го ревитализираме нашето ангажирање кон овој регион. Ние сакаме да го ревитализираме процесот на проширувањето. И ние треба да видиме како да ги надминеме пречките“, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Со Северна Македонија и Албанија отворањето на преговорите за членство е приоритетно. Бугарската влада го подигна ветото за Северна Македонија, вчера имаше делегација во земјата за да се фаворизира процесот на пристапување на оваа земја.

Притоа Шарл Мишел му се заблагодари и на француското претседателство за постигнатиот напредок по ова прашање. Напредокот во мултиралетлните и билатералните спорови се потребни, нагласи на крајот претседателот на Советот на ЕУ.

Во своето излагање пред Европскиот парламент, чешкиот премиер Петр Фила не ги спомена земјите од Западен Балкан. Потсетувајќи дека ЕУ се соочува со тешки времиња, не само поради руската агресија врз Украина, туку и поради галопирачката инфлација

Во овој период на претседавање со Советот на ЕУ по втор пат, Чешка ќе се фокусира на пет тесно поврзани приоритетни области: управувањето со бегалската криза и обновата на Украина во повоениот период, енергетска безбедност, зајакнување на одбранбените капацитети на Европа и безбедноста на сајбер просторот, стратешката отпорност на европската економија и отпорноста на демократските институции.

Тони Гламчевски