Инцидент кај плоштадот „Скендербег“
На петтиот ден од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ за малку беше избегнат поголем инциденти откако колоната демонстранти беа нападнати со камења и шишиња од плоштадот Скендербег...

Инцидент на протестот против францускиот предлог. Кај плоштадот „Скендербег“ демонстрантите се судрија со друга група.
На петтиот ден од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ за малку беше избегнат поголем инциденти откако колоната демонстранти беа нападнати со камења и шишиња од плоштадот „Скендербег“.
Кон првите луѓе во колоната демонстранти, полетаа камења откако го минаа подвозникот пред трговскиот центар Мавровка. Дојде и до физичка пресметка чија ескалација ја спречи полицијата.
Се слушнале и истрели од огнено оружје. Оружје употребило едно лице од групата која била околу плоштадот „Скендербег“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Tвитер објави дека лицето со пиштол во раката требало да го убие него оваа вечер, барајќи да биде приведен од Спасовски и МВР.
