Македонија

Приведено лицето кое пукаше спроти „Скендербег“

06.07.2022 22:37

Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведено лицето за кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека се обидело да го убие во текот не денешниот протест против францускиот предлог...

Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведено лицето за кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека се обидело да го убие во текот не денешниот протест против францускиот предлог.

Од МВР, засега, немаат дополнителни информации за случајот.

Мицкоски на Фејсбук, вечерва објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

„Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР“, наведе Мицкоски во објавата.

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија вечерва дојде до инцидент меѓу демонстрантите и група луѓе. Полицијата интервенираше и ги раздели групите, спречувајќи евентуален поголем инцидент.