Мицкоски: Подолго време добивам информација за моја елиминација
„Подолго време добивам информација за моја елиминација која ја нарачува власта. Вечерва видовме најмалку две лица со огнено оружје кои беа подготвени тоа да го направат. Полицијата ја немаше никаде“, изјави Мицкоски на вонредната прес-конференција, доцна вечерва...

„Вечерва се случи тежок инцидент кој по сите параметри е класична полициска монтажа, чија цел беше или убиство на некој недолжен граѓанин, мајка со дете, пензионер, млад човек или мое убиство, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вонредната прес-конференција по завршувањето на денешниот протест и инцидентот кај Мавровка.
„Подолго време добивам информација за моја елиминација која ја нарачува власта. Вечерва видовме најмалку две лица со огнено оружје кои беа подготвени тоа да го направат. Полицијата ја немаше никаде“, рече Мицкоски.
Вели дека ваквото сценарио го најави власта, односно министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Оваа слика јас ви ветувам дека нема да ја заборавиме“, кажа Мицкоски и најави дека протестите, уште помасовни, продолжуваат и утре.
