Каевски: Мицкоски не е никаква жртва туку режисер на крваво сценарио
Крваво сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, крваво сценарио кое не успеа. Ова е човекот за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач. Цуфи Кока. Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски...

Мицкоски не е никаква жртва туку режисер на крваво сценарио. Крваво сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, крваво сценарио кое не успеа.
Мицкоски не беше вечерва мета туку ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните.
Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизвикани од највисоки претставници на партиите во опозиција.
Ова е човекот за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач. Цуфи Кока.
Погледнете за кого станува збор, веќе МВР го приведе ова лице. Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијанса, којшто воедно е директорот на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје.
Повторувам, станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијанса во Чаир и главен функционер во кампањата на Данела Арсовска
