Македонија

Арсовска го разрешени в.д. директорот на Комунална хигиена

07.07.2022 00:14

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална хигиена, информира Град Скопје. Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани...

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална хигиена, информира Град Скопје.

Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите.

И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност, се наведува во соопштението на Град Скопје.