Земјоделство

Дополнителни субвенции за житните култури

07.07.2022 09:00

Дополнителна субвенција за сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со житни култури. Услов е, производството да го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети и да аплицираат до крајот на октомври годинава...

Обезбедена е дополнителна мерка од 5.760 денари по хектар за производителите на житни култури кои имаат остварен род на еден или повеќе хектари со пченица, јачмен, ’рж, овес и сончоглед и кои ќе го предадат во домашните преработувачки или откупни капацитети.

Оваа дополнителната мерка од годинава е изменета.

Наместо претходното ограничување на површините од 5 до 50 хектари, сега за да аплицираат земјоделците треба да имаат најмалку еден или повеќе хектари.

Крајниот рок за поднесување на документите е до крајот на октомври оваа година.

Обезбедена е поддршка и за набавка на вештачко ѓубриво, а со оваа помош преку Интервентниот фонд веќе се исплатени на 3.304 земјоделци.

Министерството за производство на житни култури распиша и посебен оглас за доделување под закуп на државно земјиште над 3 хектари во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари.

Досега, со овој оглас веќе се склучени 258 договори за закуп.

 

Методија Трајков