Велика Британија

Џонсон не попушта и покрај оставките на над 40 министри

07.07.2022 09:53

Новата политичка криза во Британија почна со оставките на министрите за финансии и здравство, кои изјавија дека повеќе не сакаат да бидат дел од оваа Влада...

Британскиот премиер Џонсон го преживеа најтешкиот ден во својата кариера откако вчера оставка поднесоа над 40 министри и блиски соработници.

Иако и други го повикаа да се повлече, меѓу кои и министерката за внатрешни работи Прити Пател. Џонсон дури го смени министерот за домување и локални заедници и еден од своите најблиски соработници Мартин Гоув откако го повика да поднесе оставка.

Новата политичка криза во Британија почна со оставките на министрите за финансии и здравство, кои изјавија дека повеќе не сакаат да бидат дел од оваа Влада.