Има интерес за цетврта доза вакцина
Интерес за четврта доза против Ковид-19 пред вакциналните пунктови. Најмногу кај повозрасната популација. Стравувале поради зголемениот број новозаразени. Вакцинацијата со четврта доза се спроведува со Фајзер. Вакцини има доволно уверуваат лекарите...

Интерес за четврта доза против Ковид-19 пред вакциналните пунктови. Граѓаните стравуваат поради се поголемиот број на новозаболени со вирусот. Некои пак велат дека доволно е што се имунизирале трипати.
Од пункт за имунизација во поликлиниката „Јане Сандански“ велат дека заинтересираноста за четврта доза е кај повозрасната популација.
Вакциналниот пункт во поликлиника Букурешт работи само втора смена од 14 часот до 19 бидејќи изутрина вакцинираат деца од претшколска возраст. Оттаму велат дека заинтересираност за четврта доза вакцина против Ковид има кај повозрасната популација. Но додаваат и дека е зголемена заинтересираноста за трета доза кај помладите.
Вакцинацијата со четврта доза се спроведува со Фајзер вакцината. Лекарите велат дека вакцини има доволно.
Четврта доза може да примаат сите лица над 18 годишна возраст коишто веќе примиле трета доза вакцина против Ковид 19. Може да се обратат на сите вакцинални пунктови без претходно закажување.
Ана Ј.Тодоровска
