Воен конфликт

Русија соопшти дека воен авион извршил напад врз Змискиот остров

07.07.2022 15:41

Руско-украинскиот конфликт тема на самитот на г20 во бали, Индонезија. Москва се ориентира кон истокот, најавува зголемување на соработката со Кина. И натаму се разгорува фронтот во Донбас. Финска ќе постави бариери на границата со Русија...

Руската војска соопшти дека руски авион го нападнал Змискиот остров откако украинските војници го подигнаа своето знаме на оваа стратешка станица на Црно Море. Кремљ го објаснува повлекувањето на руските сили оттаму како гест на добра волја. Но украинската војска тврди – Русите побегнаа со два моторни брода бидејќи ги нападнавме. Малиот остров e во близина до пристаништата на Одеса.

„И покрај проблемите од воените неуспеси и масовното повлекување на украинските трупи во Донбас, ноќта на 7 јули, режимот на Киев се обиде симболично да постави знаме на Змискиот Остров. Летало на руското воздухопловство веднаш изврши напад со високопрецизни проектили што резултираше со уништување на дел од украинските трупи. Преживеаните побегнаа кон селото Приморске во Одеса“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Според Киев, прогресот е резултат на помошта од западните партнери.

„Украинските сили во моментов напредуваат во неколку правци, вклучително и на југ во регионите Керсон и Запорожје. Не ја предаваме нашата земја, целата суверена територија на Укрина ќе биде украинска“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Војната во Украина на врвот на агендата на Г20 во Бали, Индонезија. Москва се ориентира кон Истокот.

„Сакам да ја нагласам посебноста на руско-кинеската креативна стратегиска врска во формирањето на подемократски светски поредок базиран на принципите на меѓународното право, првенствено на Повелбата од ОН. За разлика од отворената агресивна линија на Западот, кој бара да си ја задржи привилегираната позиција и доминантноста во меѓународните прашања, нашата позиција има разбирање и поддршка од сè поголем број одговорни играчи во меѓудржавната комуникација“, Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Во меѓувреме, Финска изгласа Закон за борбена готовност со кој се овозможува поставување на бариери на границата со Русија. Оваа скандинавска земја презема превентивни мерки од евентуален напад од Москва поради одлуката на за влез во НАТО.

Маја С. Филдишев