Велика Британија

Џонсон поднесе оставка од функцијата

07.07.2022 15:49

Премиерот Борис Џонсон соочен со распадот на неговиот кабинет поднесе оставка. Со тоа се става крај на политичката криза во земјата...

Премиерот Борис Џонсон соочен со распадот на неговиот кабинет поднесе оставка. Со тоа се става крај на политичката криза во земјата.

„Јасно е дека волјата на конзервативна партија во парламентот е нов лидер на партија, а и нов премиер. Се согласувам дека процесот на избирање нов лидер треба да почне веднаш. Јас ќе служам се до доаѓањето на новиот лидер. Сакам да им кажам на милионите луѓе што гласаа за нас во 2019 година, ви благодарам за овој неверојатен мандат“, изјави Борис Џонсон, премиер на Велика Британија.

Џонсон претходно ги отфрли повиците на неговиот кабинет да се повлече по етичките скандали. Попушти откако повеќе министри побараа да си оди.

Кризата во Велика Британија почна кога влијателните министри за финансии и здравство, Саџид Џавид и Риши Сунак, поднесоа оставка поради скандалот со пратеникот Крис Пинчер. Тоа покрена лавина од оставки на министри и други владини функционери, што го стави Џонсон под огромен притисок.

„Мислам дека Риши се снајде многу добро за време на локдаунот. Јас лично чувствувам дека тој се подготвува да го преземе местото на Борис.“

„Мислам дека Борис Џонсон треба да си замине, да бидам искрен. Треба само да си оди. Немам доверба во него.“

Конечниот пад на Џонсон, кој пред само еден месец преживеа гласање доверба, почна откако се дозна дека знаел за обвинувањата за недолично сексуално однесување против Кристофер Пинчер кога го назначи за заменик-шеф на конзервативците во парламентот. Пинчер се повлече од функцијата минатата недела.

Марина Ристова