Преговарачка рамка

Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието

07.07.2022 17:10

Владата, на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија...

Владата, на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија.

На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија.