Во битолскиот универзитет прием за тројцата студенти на наши иселеници
Во битолскиот универзитет прием за тројцата од дванаесетте студенти на наши иселеници. Тие ќе имаат тринеделен студиски престој, практична работа во компаниите што одговараат на нивните студиски програми...

Метју, Наум и Христијан студенти од Америка и Швајцарија на наши дамнешни иселеници со многу емоции го започнаа тринеделниот студиски престој на битолскиот универзитет. Иако трета генерација со потешкотии покажаа дека имаат желба да го познаваат македонскиот јазик и сакаат што повеќе да осознаат за семејните корени и традиции.
Престој во рамките на програмата „Родум од Македонија“ е посветен на практичната работа. Нивни домаќини ќе бидат наши компании чие производство или организирана поставеност се опфатено во студиските програми од земјите од кој доаѓаат. Од битолскиот универзитет велат бенефитот може да биде солиден.
За време на престојот ќе ги посетат и единиците на универзитетот кој се сродни со нивните факултети. Посебна тежина на програмата која по шест години за првпат излегува надвор од метрополата му дава тоа што за прв пат се вклучува и академскиот кадар од УКЛО.
Стевче Митревски
