Свет

„Бритиш ервејс“ откажува над 10 илјади летови

07.07.2022 18:59

Поради недостиг на работници, „Бритиш ервејс“ ќе откаже уште 10.300 летови до блиските дестинации во периодот од август до крајот на октомври...

Поради недостиг на работници, „Бритиш ервејс“ ќе откаже уште 10.300 летови до блиските дестинации во периодот од август до крајот на октомври.

Мерката ќе се спроведува на лондонските аеродроми „Хитроу“, „Гетвик“ и „Лондон сити“. На клиентите ќе им биде понудена рефундација или резервација на друг лет, со можност за избор на друг превозник.