Свет

Турција: Масовно иселување на здравствените работници

07.07.2022 19:08

Стотици доктори заминаа во странство во потрага по подобри работни услови. Лани, над 1.000 лекари поднеле барање за вработување во здравствениот сектор надвор од земјата...

Здравствените работници од Турција масовно ја напуштаат земјата поради инфлацијата која достигна речиси 80%.

Стотици доктори заминаа во странство во потрага по подобри работни услови. Лани, над 1.000 лекари поднеле барање до турската медицинска асоцијација за вработување во здравствениот сектор надвор од земјата.