МВР

МВР поднесе кривични пријави за двајца демонстранти

07.07.2022 19:28

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за двајца демонстранти на протестите против францускиот предлог. Двајцата се пријавени за делото „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“...

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за двајца демонстранти на протестите против францускиот предлог. Двајцата се пријавени за делото „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Во еден од случаите, станува збор за кривична пријава за 18-годишното момче за кое полицијата претходно во текот на денот информираше дека го привела, а кое на протестот во вторникот фрлало молотови коктели кон полицајците и зградата на Собранието.

Другата кривична пријава е за 22-годишно момче од Скопје кое денеска било лишено од слобода. Тоа на протестите, вчера фрлало тврди предмети кон полицајците при што повредило еден од нив.

Двете момчиња, како што информираат од МВР, денеска биле изведени пред судија на претходна постапка.