Шести ден протест против францускиот предлог
Пред зградата на Владата и вечерва под мотото „Ултиматум не, благодарам“ почна шестиот по ред протест против францускиот предлог. Според најавите, од Владата протестот ќе продолжи со марш до Министерството за правда, а ќе заврши пред Собранието...

Пред зградата на Владата и вечерва под мотото „Ултиматум не, благодарам“ почна шестиот по ред протест против францускиот предлог. Според најавите, од Владата протестот ќе продолжи со марш до Министерството за правда, а ќе заврши пред Собранието.
Во пресрет на протестот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, упати апел до граѓаните и политичките партии кои сакаат да го искажат своето право на протест, тоа да го сторат на начин преку кој, како што наведе, ќе демонстрираат демократски капацитет, со почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста.
