Протести

Се интензивираат протестите, од утре блокади низ целата држава

07.07.2022 22:09

Шести ден граѓаните бараат од Владата отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, уште еднаш ја обвини власта дека режира инциденти преку инфилтрирани групи. Боцевски упати апел до пратениците дека последната црвена линија е Уставот...

Шести ден граѓаните бараат од Владата отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.

На протестот се бараа оставки од Владата која, како што рекоа учесниците, ја доставила срамната преговарачка рамка до Собранието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, уште еднаш ја обвини власта дека режира инциденти преку инфилтрирани групи, порачувајќи дека нема да наседнат на провокациите бидејќи знаат кои се сценаристите.

Боцевски упати апел до пратениците дека последната црвена линија е Уставот, порачувајќи им на лидерите на опозициските партии дека тие се последниот бедем на македонскиот народ и државност, а собраниот народ на протестот ќе биде нивна заштита и ќе ги поддржи да опстојат, за да нема никаква промена на Уставот која ќе ги земе предвид бугарските барања.

Блокади низ целата држава од петок со почетокот во 13 часот, беа најавени од протестот пред Собранието. Се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.

Александра Спировска